Човек од Русија успеал да ја продаде својата мачка за 78.000 евра.
Тајната на оваа неверојатна цена се крие во тоа што Димитриј Р., поранешниот сопственик на мачката, тврди дека мачката има натприродни моќи. Затоа тој успеал да ја продаде за оваа цена на некој видовит човек од Сибир.
– Ме тераше да правам работи кои не ги сакав. Некогаш се будев во 5 на утро со огромна желба да јадам риба или колбаси, храна која ја презирам. По враќањето од продавница купував огромна количина на храна и му ја сервирав на Чарлс (мачката). Како што Чарлс јадеше јас ја губев желбата за да јадам, вели Димитриј.
Дали би сакале ваква мачка ?
Ф.Г.