Владеачкото мнозинство денеска во Собранието го изгласа пратеникот Зеќир Рамчиловиќ за потпретседател, а тоа предизвика жестока реакција од поранешните сопартијци од ВМРО-ДПМНЕ на пратеникот.
Неговиот сопартиец Влатко Ѓорчев посочи дека во Собранието има пет поптретседатели и пет земеници на генераниот секретар за да се задоволат партиските апетитити.
-Вреди ли да се погази се за три месеци да бидете функционер. Дали треба да има конзистентност или да го менуваме мислењето два, три, четири и пет пати, праша Ѓорчев и додаде дека е очито оти со Рамчиловиќ имаат различни поимања и различни сваќања за чест и чесност.
Целосното обраќање на Влатко Ѓорчев погледнете го во продолжение: