“Сакам од срце да оставам еден аманет. Имам два сина, тие ми се се во животот. И на нив сакам да им упатам порака: Синови мои, кога ќе чекорите по траекторијата на вашите животи, со или без мене, бидете горди, бидете со крената глава, работете и борете се за вашата втора мајка, Македонија!” – им порача на своите два сина лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Хритијан Мицкоски на саботниот голем народен митинг пред владата на Република Македонија.