(Видео) Шилегов го нарече државниот инспектор “полуписмен”, а тој му рече “дека можеби мислел на себе си”

Во јавноста веќе втор ден најактулна е темата со горењето на медицински отпад на „Дризла“, откако вчера СДСМ на чело со Петре Шилегов продолжи со практиката на газење по човечки тела, објавувајќи вознемирувачки слики и снимки од деопонијата каде се согорува и медицински отпад, пишува порталот infomax.mk

По пресконференцијата, јавноста беше исклучително заинтересирана за обвинувањата на Шилегов, па така 40-тина камери денес снимаа што се случува во депонијата. На терен излезе Шилегов, но и главниот државен инспектор за животна средина.

Градоначалникот на Град Скопје ги направи инспекторите „неписмени“ и продолжи со политичките обвинувања, посочувајќи дека причина за несоодветното третирање на отпадот е владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, иако тој веќе 2 години е градоначалник на Скопје, а СДСМ трета година по ред ја има централната власт во свои раце.

Инспекторот за животна, Хусни Тачи средина истакна дека детално го има прочитано правилникот за справување со медицински отпад за разлика од Шилегов кој истиот го нема прочитано. Во однос на сликите и снимките кои вчера градоначалникот ги објави, инспекторот истакна дека истите не може да ги коментира бидејќи не се веродостојни.

-Тие слики  што се прикажани јас нема да ги коментирам бидејќи не сум компетентен да ги коментирам нивните слики бидејќи може истите да не се веродостојни. Ние сме извршиле таму надзор и тие слики што се прикажуваат на тие видеа, значи се работи за сецкалка која се користи за сечење на текстилниот отпад. Значи фирмата „Еко клуб“ исто така собира и текстилен отпад кој го сецка и го предава на понатамошна обработка, вели тој

На новинарско прашање дали е неписмен, инспекторот го демантираше градоначалникот објаснувајќи дека тој е главен инспектор, дека е писмен и дека градоначалникот веројатно мислел на самио себе.

-Можеби мислел на себе си дека е неписмен. Инаку јас сум државен инспектор за животна средина со искуство и всушност главен државен инспектор, не само инспектор обичен, додаде тој.

Извор: infomax.mk




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.