“Бројот на министри во Владата на СДСМ нема да надмине над 20”, вака зборуваше Радмила Шеќеринска во предизборната кампања.
Аљооо, Шеќер @Sekerinska, а мор ги намаливте де министрите во @VladaMK ?
До која бројка сте моментално, 23-24?
Ќе дојдете до 30 ко што гледам со желботеката на #ДУИ-нг бизнис.
Леле што изголта народ во Македонија, просто да се чуди човек.
Голта и бара уште, на крај ќе се задави. pic.twitter.com/LZVocx03oU— Фортификација (@Fortifikacija) March 5, 2019
Македонија е меѓу водечките европски земји по бројност на владиниот состав.
Доколку се направи споредба со државите кои се со слична бројност на жители, но и со земјите од регионот ние рушиме рекорди.
Во Словенија Владата има вкупно 17 члена, премиерот Марјан Шарец и уште 16 министри од кои шестмина се и вицепремиери. Во Естонија, каде има околу 1,4 милиони жители, владата на премиерот Јури Ратас е составена од 14 министри. Швајцарија, која е конфедерација, има седум министерства, еден канцелар и двајца заменици-канцелари.
Македонија е убедлив негативен рекордер, 26 министри.