Кинескиот град Вухан, првото место во кое изби епидемијата на новиот коронавирус на крајот од декември минатата година, започна повторно да се отвара кон остатокот на земјата, откако два месеци беше целосно изолиран. Ова овозможи делумно враќање на нормалниот живот на неговите граѓани и повторно соединување на семејставата.
Укинувањето на блокадите во Вухан, кој повторно ги отвори своите граници и во кој започна да работи метро службата, Ројтерс го гледа како пресвртница во борбата на Кина против корона вирусот, иако во меѓувреме епидемијата се прошири во целиот свет. На брзите возови сега им е дозволен влез во градот.
Властите во Вухан презедоа драконски мерки како би ги запреле луѓето да влегуваат или да го напуштаат градот од 11 милиони жители во централниот дел на Кина.
Кинеската Национална здравствена комисија соопшти денес дека во петокот се пријавени 54 случаи на корона во континеталниот дел на земјата, со што бројот порасна на 81.394, додека животот го загубиле 3.295.
Вухан е универзитетски град во централна Кина, во покраината Хубеи. Низ градот поминуваат реките Јангце и Хан. Според пописот од 2009 година во градот живеат 4.303.340 жители. Поширокото градско подрачје има 6.792.367 жители.
Бројот на жители забрзано расте, а се претпоставува дека до 2035 ќе порасне на 10 милиони.