Видео: “ЧКЕМБАРИ” со порака…ИМЕТО Е ИДЕНТИТЕТ!!

Македонската ракометна репрезентација ја оправда фаворитската улога и ја прегази репрезентацијата на Турција во Битола.

Без многу проблеми избраниците на Раул Гонзалез ја контролираа играта во текот на целиот меч.

Но сепак голема заслуга има и публиката која ги носеше 60 минути и беше осмиот играч на теренот.

“Чкембари” се познати по нивните кореографии и пароли на трибините, па ниту вечерва не останаа должни. Нивната порака вечерва беше “ИМЕТО Е ИДЕНТИТЕT”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.