Поплави, cyша, жешко време и инвaзиja на пустински скакулци, ова се последиците на климатските промени кои силно ја погодија Африка, а најлошото допрва доаѓа. Се очекува голем недостаток на храна, пишува во денешниот извештај на службите на Обединетите нации за климатски промени.
Гладот е вистински проблем, а бројните поплави предизвикаа и инвазиja на скакулци кои уништуваат стотици илјади хектари земја од јануари.
Температурите уште повеќе се зголемија на континентот со 1,2 милијарди жители, како и во целиот свет, меѓутоа, Африка е особено paнлива на наглите промени, се додава во извештајот на Светската метеоролошка организација.