Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) реши да го отстрани од репрезентацијата виновникот за инцидентот по победата над Русија, и тоа на само два дена пред полуфинале.
ХНС соопшти дека Огнен Вукојевиќ е разрешен од должноста “Соработник на стручен штаб” во репрезентацијта.
– Хрватскиот фудбалски сојуз на овој начин ја известува јавноста дека Огнен Вукојевиќ нема да биде челн на делегацијата на Светското првенство во Русија- објавено е на офоицијалната страна на ХНС. Вукојевиќ по средбата со Русија во 1/4 финалето објави скандалозно видео, поради кое ФИФА определи дисциплинска постапка.