Познатиот хрватски инфлуенсер Перица на свое снимање во италијанскиот град Торино облече дрес од македонската репрезентација за да ги провоцира случајните минувачи. Некои од нив негодуваа, некои го признаа поразот од Македонија, а една девојка направи повеќе склекови од јутјуберот, пишува 24сата.
Погледнете како Перица си играше со Италијанците на плоштадот во Торино, а налета и на група Шпанци кои побараа да се фотографираат со него.