ВИДЕО: Фудбалски натпревар само за пијани

Натпреварот е одигран под посебно правило – „Ако немаш промил во себе, погодокот не се признава!“.

 

1

Екипата на норвешките комичари кои го уредуваат порталот Humorni.eu, пред неколку дена организираше фудбалски натпревар, кој ќе биде запаметен по тоа што сите играчи на теренот беа многу пијани.

Имено, на играчите пред излегувањето на терен им било наредено да се опијат во соблекувалните, па веќе пред почетокот на самиот дуел беа забележани неколку помали инциденти.

Натпреварот бил очекувано груб, забавено, но одигран е и според посебно правило.

Судиите на себе освен свирчиња морале да носат и дигитални алкотестови бидејќи задача им било да поништуваат голови на тие кои имаат помалку промили алкохол во крвта.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.