Еден маж во Орегон мислеше дека ќе помине незабележан и украде питон во продавница за домашни миленици.
Што е најлошо, планот му се оствари, а излезе од продавницата заедно со змијата – незабележан од вработените.
Откриен и идентификуван е покасно, благодареќи на безбедносните камери.
Имено, непознат маж влезе во продавницата за домашни миленици, украде змија и ја сокри во панталоните.
Украдената змија во продавницата ја вратил човекот што ја купил од крадецот.
Ф.Г.