Претседателката на „Националниот фронт“ Марин Ле Пен води во првиот круг на изборите за претседател на Франција, според првите прелиминарни податоци на Министерството за надворешни работи на Франција.
По 44.89% од преброените гласови, Ле Пен освоила 24.3% од вкупниот број на гласови, додека на второ место е Емануел Макрон со 22.28%.
На трето место е Франсоа Фијон со 19.6%.
Тоа воедно значи дека Макрон и Ле Пен, според прелиминарните податоци, одат во втор круг претседателски избори.
Ле Пен по првата објава на резултатите изјави дека пред Французите во моментот стои избор – или бираат земја со заштитени граници или држава во која можат да влезат терористи.
Од друга страна, Макрон рекол дека денес Франција врти нов лист во политичкиот живот на земјата.