Славниот бразилски фудбалер Роналдињо беше yaпceн во Парагвај.
Како што пренесоа локалните медиуми, Роналдињо “паднал” на пасошка контрола бидејќи имал лажна исправа.
Имено, во пасошот пишувало дека тој е државјанин на Парагвај, односно дека по националност е Парагваец.
Луѓето од пасошка контрола ја забележале нелогичноста, повикале полиција, па Роналдињо и неговиот брат биле одведени во полициската станица.