Aмериканскиот претседател Доналд Трамп најави дека ќе ја подари својата претседателска плата на крајот на годината и побарал од медиумите да му помогнат да одлучи каде да ги донира тие пари.
-Трамп планира да ја донира својата плата во износ од 400 000 долари и ќе им дозволи на медиумите да одлучат каде ќе отидат тие пари, рекол портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер.
Иако тоа предизвика смеа кај новинарите, Спајсер рече дека барањето е сериозно, пренесоа американските медиуми.
President Trump will donate his salary to a charity at the end of the year, says Press Secretary Sean Spicer https://t.co/ZjEEkCAdGm pic.twitter.com/9rmA9stuEL
— CNN (@CNN) March 14, 2017
-Начинот да го избегнеме преиспитувањето е да им дозволиме на медиумите да одлучат каде да одат тие пари, рекол Спејсер.
Подарувањето на плата во добротворни цели беше едно од ветувањата на Трамп во изборната кампања, потсети портпаролот.