Светската здравстена организација навистина потфрли, рече американскиот претседател Доналд Трамп говорејќи за вирусот корона и се закани дека САД ќе се повлечат од нејзиното финансирање…
Американскиот претседател Доналд Трамп ја критикуваше Светската здравствена организација и ги обвини дека се премногу опуштени кон Кина, но и дека давале лоши совети на почетокот од епидемијата.
“СЗО навистина потфрли. Од некоја причина тие се најмногу финансирани од САД, а и потнатаму се насочени кон Кина”, напиша Трамп на Твитер, пренесува Ројтерс.
Додаде дека тој “за среќа” го отфрлил советот на СЗО за границите со Кина и понатаму да бидат отворени на почетокот од епидемијата и запраша зошто оваа организација давала толку грешни препораки.