ВИДЕО: Тепачка меѓу американски дипломат и руски полицаец

Руската телевизија НТВ покажа снимка на која, како што е објавено се гледа руски полицаец и американски дипломат, како се тепаат на влезот во Амбасадата на САД во Москва.

tepacka-rusija-amerika

Американската Амбасада се уште не го коментирала инцидентот. Првите информации за оваа тепачка ги објави кон крајот на јуни весникот „Вашингтон пост“, повикувајќи се на изјави на американски дипломати, кои за инцидентот го обвиниле полицаецот.

Руските власти меѓутоа тврдат дека дипломатот го нападнал полицаецот.

На снимката на телевизијата се гледа како пред споредниот влез на Амбасадата застанува такси и дипломатот се движи кон вратата.

Во тој момент од стражарската куќичка излегува униформиран маж, кој го соборува дипломатот на земја.

Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи изјави дека полицаецот сакал да ги провери документите и да се увери дека таа личност не претставува опасност за Амбасадата, но и дека тој маж го удрил со лакт по главата.

Руското МНР тврди дека службеникот на Амбасадата е всушност агент на ЦИА.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.