Развојот на американската вселенска програма трае подолго од половина век, а покрај големите достигнувања и драгоцени научни сознанија, постојат и многу тајни кои се сокриени од јавноста. Ова се некои од нив:
– Прекин на емитување во живо
Теоретичарите на заговор често шпекулираат за бројните тајни на НАСА во нејзиното 60 годишно постоење, а ја обвинуваат агенцијата за различни работи – од лажирање на слетувања на Месечината до прикривање на докази за постоење на вонземски живот. НАСА има тим од експерти и огромна Пи-Ар агенција. Сепак, повремено некои тајни се откриваат и ја збунуваат јавноста.
– Избршани снимки од слетување на Месечината
Се од денот на прикажувањето на слетувањето на Месечината во живо, НАСА е обвинувана за лажирање на целиот настан со низа на аргументи – на видеото не се гледаат ѕвезди, а знамето се вее. Исто така, она што го земаат за доказ теоретичарите на заговор, тоа се карпите со различни должини.
Кога во 2006 година од агенцијата признаа дека не можат да пронајдат оригинални снимки од 1969 години, сомневањето се зголеми.
– Телескопот Џејмс Веб
Обичај на било која суперсила е да финансира истражување на вселената, им се допаѓало тоа или не – бидејќи тоа е демонстрација на моќ и технологија кои ги издигнуваат над другите. Но изгледа дека таквите проекти не одат секогаш по план, како што е ситуацијата со изградбата на телескопот Џејмс Веб.
Имено, изградбата на телескопот започна пред 20 години, а требаше да биде подготвен за лансирање во 2007 година.
Наместо тоа, довршен е дури во 2017 година. Иницијално, проектот требало да чини половина милијарда долари, но на крај вредел 17 пати повеќе – околу 8.8 милијарди. Сега, кога телескопот е комплетен, сеуште останува прашањето колку време ќе биде потребно за да биде лансиран- наводно се планира во октомври 2018 година.