Белата шолја на рускиот претседател Владимир Путин го привлече вниманието на светските медиуми. Овој предмет новинарите го забележаа откако Путин наздрави со претседателот на САД, Доналд Tpaмп.
Одредени медиуми пишуваа дека Путин на овој начин ги исполнува препораките на руските безбедносни служби, како би се презеле сите можни мерки за да се избегнат ордредени инциденти, како тpyење или слично.
Kremlin spox: Strange that everybody is talking about Putin's mug at G20 summit; everybody knows he likes hot tea, that is really old news. https://t.co/TrvavzQ78D pic.twitter.com/nNnJENMoRe
— Lucian Kim (@Lucian_Kim) July 1, 2019
Меѓутоа, дека не се работи за сензација, туку за вообичаена пракса на рускиот претседател, објасни неговиот портпарол Дмитрл Песков. Според неговите зборови, Путин веќе неколку години со себе го носи овој термос, од кој го пие својот омилен – зелен чај.