(ВИДЕО) Татко секој ден преку надојдена река го пренесува својот син во пластична кеса, за да може да оди на училиште

За време на сезоната на дождови, секое утро, таткото го става својот син во пластична вреќа, за да го пренесе од другата страна на реката, без детето да се намокри.

Тоа се случува во планинското место Хуои Хуа во северниот дел од Виетнам.

Фотографиите што ги објавија родители вирално се раширија по социјалните мрежи и предизвикаа внимание поради необичниот начин на кој таткото го носи својот син во училиште.

Ваквата практика во овие делови од Виетнам во време на дождливата сезона се случува со години наназад, што може да се види и од снимките на Јутјуб објавени пред пет-шест години.

Дишењето во пластичната вреќа не е најдобро, но преминувањето на реката е многу поризично.

Децата од овие делови на Виетнам пешачат по 15-тина километри за да стигнат до училиштето. Од фоторепортажата и видеото погледнете како изгледа секое утринско испраќање на детето в училиште.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.