Дванаесетте деца и нивниот фудбалски тренер, минатата недела беа спасени од поплавената пештера, а денес за прв пат се појавија во јавноста, на конференција со новинарите во Чијанг Раи.
Групата излезе од болница и на прес-конференција одговараа на прашања од новинарите за искушенијата низ кои поминаа во пештерата во која беа заробени 17 дена.
Децата открија со што би сакале да се занимаваат кога ќе пораснат, а поголемиот дел од нив наведоа дека сакаат да бидат фудбалери.
#ThaiCaveRescue – 12 boys and their football coach who were trapped in flooded cave in Thailand appear in public for first time since being discharged from hospitalhttps://t.co/ZAtgDeHX6P pic.twitter.com/BPIv8HO7I1
— BBC News (World) (@BBCWorld) July 18, 2018
“Разговаравме само за тоа како да најдеме излез. Мислевме дека постои уште еден излез од другата страна на пештерата”, изјави тренерот.