Марк Пилни, мажот кој во средата толкуваше улога на четврти судија на прволигашкиот натпревар меѓу Прибрам и Славија од Прага (1:3), се појавил мортус пијан.
Дека човекот убаво се поднапил на гледачите на западната трибина им било премногу јасно и тоа на самиот почеток на натпреварот.
Камерите не го пропуштиле тетеравењето и паѓањето на пијаниот судија, неговиот напор да глуми линиски судијано и реакциите на сите на стадионот.
Гледачите, главно, сите се смееја, освен делегатот на натпреварот, кој беше избезумен од бес.
Пилни бил отстранет по завршувањето на првото полувреме, а што изведуваше дотогаш, можете и самите да видите.