Студен на психологија од Бразил, Бруно Боргес кој има 24 години, исчезнал од семејниот дом. Се изгледало нормално тој ден кога тој тргнал на работа да работи на „тајниот проект“, но од тој ден никој не го видел.
Неговите загрижени роднини успеале да влезат во неговата соба, а тоа што таму го пронашле било бизарно и вознемирувачко. Ѕидовите биле прекриени со кодови, формулари и симболи поврзани со илуминати и сатанизам.
Имало и закачени необични слики и 14 скрипти кои ги напишал Бруно. Снимката од неговата соба, која ја направил полицаец се појавила и на Јутјуб.
Пред да исчезне Боргес работел на мистериозен проект и ги испрашувал роднините дали би финансирале серија книги, кои ќе го променат човештвото.
Во една од книгите пишува: „Лесно е да се прифати она што ве учеле од раѓање и она што е всушност погрешно. Тешко е на возрасна личност да се објасни дека ја учеле погрешно. Со други зборови, ако се вклопувате во системот, вашето однесување ќе биде одредено и ќе бидете убедени во верувањето кое постои и кое е утврдено со догмите и ритуалите меѓу народот.“
Бразилската полиција го истражува исчезнувањето, а истражувачите тврдат дека ги разгледале сите опции.