(ВИДЕО) СТРАШНО! Погледнете како беше спречен нов “11 Септември”: Украде авион од аеродромот во Сиетл и полета кон градот – веднаш ги подигнаа ловците

Крајбрежната стража во САД соопшти дека авион на компанијата “Аљаска Ерлајнс” е украден од хангар од аеродромот во Сиетл.

Само 20 минути покасно стигна и другата вест, дека тој авион се срушил во близина на островот Кетрон во државата Вашингтон.

Авио-механичарот го украдил авионот на компанијата, а за среќа во авионот немало други патници. Тој полетал од меѓународниот аеродром и набрзо потоа се срушил.

ОД полицијата соопштуваат дека авионот полетал без дозвола и дека се срушил во морето. Инцидентот се случил синоќа, а станува збор за авион “Q400” кој може да има и до 78 патници.

На социјалните мрежи објавено е видео на кое се гледа како авионот кружи над аеродромот, пренесува Би-Би-Си. Прелиминарната истрага потврдува дека несреќата се случила бидејќи механичарот “изведувал акробации или не бил доволно обучен за летање”, објави локалната полиција на Твитер.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.