Пороен дожд предизвика реки по улиците низ Прилеп попладневно.
Дождот кој е проследен со грмежи сеуште паѓа и за кратко време предизвика отежнато одвивање на сообраќајот – пренесуваа прилепчани до нашата редакција.
Инаку температурата на воздухот во Прилеп денеска достигна до 28 степени Целзиусови, но термометарот покажува дека реалното чувство е 34 степени со 11 УВ индекс.
Засега нема информации за врнежи од град и за уништени земјоделски култури.