Силно невpeме вчера ја погоди северна Грција, а најлошо поминаа Тасос, Халкидики и Кавала, популарните дестинации меѓу македонските туристи.
Во поедини места било прогласена и вонредна состојба и оштетени биле голем дел од патиштата. Во саботата попладнето било издадено ново предупредување за невpeме, кое според пишувањата на медиумите, ќе започне денеска и ќе трае три дена.
Во популарните македонски летувалишта дошло и до свлечишта после обилните врнежи. Силниот ветер влечел и автомобили.
Според пишувањата на грчката метеоролошка станица ЕНУ, силно невpeме под називот Гирионис кое е проследено со обилни врнежи, силен ветер и грмежи, ќе потрае уште најмалку три дена и ќе се сели од боласт во област во земјата, па може да доведе и до поплави.