(ВИДЕО) СТРАШНА КУКЛА ВО НЕВЕСТИНСКИ ФУСТАН КРИЕ МОРНИЧАВА ТАЈНА: Стои на излогот 90 години, а луѓето гледаат во неа со страв

Во градот Чивава во Мексико, во излогот на една работилница за невестински фустани “живее” Ла Пасквалита, која е вистинска туристичка атракција.

Ла Пасквалита е кукла во излогот која изгледа толку реално што голем број од луѓето веруваат дека се работи за балзамирано тело на ќерката од претходната сопственичка.

Оваа кукла во излогот е поставена во 1930 година, а приказната за неа ја подгреа трагичната смрт на ќерката од сопственичката на работилницата.

Имено, таа на денот на својата венчавка починала од труење. Набрзо по нејзината смрт, во излогот на продавницата се појавила кукла која ги предизвикала луѓето да создаваат различни приказни.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.