Еден жител од Косовска Митровица е снимен како се расправа со војник на КФОР, а видеото набрзо стана популарно на социјалните мрежи.
“Ова ќе се вика Србија и кога ќе остане еден Србин, да се прекрасти. Еден кога ќе остане. Кога нема да смее да запали свеќа, ова пак ќе биде Србија”, вели човекот.
Toj додава дека Србите нема да дозволат да сценариото кое е применето на југот од Косово да се спроведе и на северот.
“Се’ што ни правевте на југот, на нашите фирми и имоти, сега сакате и на овој дел каде сеуште живее српски народ кој некако успеа да опстане”.
За крај човекот му порачува на швајцарскиот војник: “Ќе опстанеме”.