Објавена е официјалната химна на Светското првенство во фудбал кое ќе се одржи во Русија.
Песната се вика “Live It Up”, а ја изведува познатиот холивудски актер Вил Смит, албанската пејачка од Косово Ера Естрефи и колумбискиот музичар Ники Џем.
Во спотот на интересен начин се претставени учесниците на Мундијалот, а актер во спотот е и големата фудбалска легенда – Бразилецот Роналдињо.