Откако неодамна еден трговски центар во Истамбул ги отвори вратите за кучиња скитници, од Турција ни доаѓа уште едно прекрасно видео.
Имено, на видеото се гледа како кучето лежи премрзнато, а еден човек направи нешто што многумина не би ни помислиле.
Тој не само што го нахрани кучето, туку и го покри со јакната.
” Да не му ја дадев јакната, ќе ме гризеше совеста. Додека сме ние дома на топло, животните надвор се смрзнуваат. Ова е најмалку што можев да направам”, изјавил човекот.
Ф.Г.