Венеција и понатаму е поплавена, бидејќи рекордна количина на дожд наврна последниве неколку денови. Околу 70 проценти од територијата на градот се поплавени, а нивото на водата достигна 187 центиметри, што не се случило од 1966 година.
“Штетата во Венеција ќе достигне неколку стотици милиони евра”, соопшти градоначалникот Луиџи Брунјаро.