Целосна видео анализа на автопатот Демир Капија – Смоквица. Автопатот е со должина од 28 километри, има 5 надвозници, 45 засеци, 7 потпатници, 49 насипи и 2 клучки.
Македонија забрзано се модернизира. Се градат со стотици километри патишта, локални, регионални, а тука секако се и трите автопати, Штип- Скопје, Охрид – Кичево и споменатиот Демир Капија – Смоквица.
Погледнете колку неверојатно изгледа сето тоа. Се работи за едно огромно градилиште, со многу механизација и работна човечка сила.
Ова е тоа што носи подем на државата !