Во Париз трет викенд по ред избија судири помеѓу демонстрантите и полицијата за време на протестот на „жолтите елеци“ поради зголемување на таксата за гориво.
Судирите избија кога помала група демонстранти поставија барикади на улица во центарот на Париз и запалија гуми.
– Уапсени се најмалку 107 луѓе, изјави францускиот премиер Едуар Филип.
Судирите избија кога помала група демонстранти поставија барикади на улица во центарот на Париз и запалија гуми.
Според информациите на светските медиуми повредени се најмалку 65 луѓе, од кои 11 полицајци.
Демонстрантите подоцна ја запалија и Националната галерија, “Jeu de Paume”.
Откако демонстрациите се претворија во насилни, забележани биле и снајперисти по околните кровови околу Триумфалната порта.
Snipers spotted on Paris rooftops as anti-Macron riots turn violent pic.twitter.com/2Ejxm2xGlp
— Jack Posobiec ?? (@JackPosobiec) December 1, 2018