Холивудската ѕвезда Арнолд Шварценегер призна дека прилично се уплашил кога слон во Јужна Африка го нападнал возилото со кое бил на сафари.
Шварценегер на интернет постави видео-снимка од нападот на слонот кој иташе да го удри автомобилот во задниот дел. Слонот прво го удри возилото, па го заобиколи и повротно тргна кон него. Водичот му рече на Шварценегер дека слонот “бил само радознал”.
“Oва беше подобро и од филм, но сепак не ми беше сеедно. Импресиониран сум од големината на тоа животно. Кога барем луѓето би престанале да ги убиваат”, напиша глумецот.
Во Африка има останато само 500.000 слонови, што е половина од бројот регистриран во 1980 година.
Нивниот опстанок е загрозен, бидејќи годишно се убиваат од 20.000 до 25.000 слонови, поради меѓународната трговија со слонова коска.
А.Г: