Крузерот “MС Брејмар”, долг 196 метри и широк 22.5 метри, е најголемиот брод кој некогаш поминал низ Коринтскиот канал, на југот од Грција.
Каналот е широк само 25 метри. Околу 1.200 патници на бродот од компанијата “Фред Олсен”, но и голем број на луѓе уживаа во глетката од која застанува здив, бидејќи крузерот речиси целосно го исполни просторот меѓу карпите.