Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, со неверојатни 50 погодоци за нашата селекција го избори првото место на листата на стрелци на Светското првенство во Франција.
До крајот на турнирот Лазаров речиси со сигурност ќе го задржи приматот број еден стрелец, имајќи го во предвид тоа што, единствените кои можат да го загрозат Сагосен и Бјорнсен од Норвешка, се наоѓаат на 14 погодоци зад нашиот капитен.
Погледнете ги сите погодоци на македонската гол машина на Светското првенство, кое Македонија го заврши како 13-то пласирана.
А.Г.