Демократската партија ја задржа контролата во Претставничкиот дом, но со неверојатно помало мнозинство, откако голем број од нивните кандидати изгубија на изборите, пренесува СиЕнЕн.
Како што наведуваат од СиЕнЕн, демократите биле убедени дека ќе го зголемат мнозинството во Претставничкиот дом, но тоа не се случи бидејќи најмалку седум кандидати го загубија своето место, вклучувајќи и неколку члена кои во 2018 година ги променија окрузите кои го поддржуваа Доналд Tpaмп, а од друга страна, републиканците успеаа да се задржат
во приградските области кои беа главна цел на Демоктратската партија.