Последниот викенд од април во 1994 година.
Викендот, петок 29ти април, сабота 30ти апил и неделата 1 мај. Веројатно најцрниот викенд во историјата на Формула 1.
Се започна во петокот кога младиот и талентиран Бразилец Рубенс Барикело излета од стазата.
Најоглемиот во историјата, Ајртон Сена го напушти болидот штом слушна преку радио врската и се упати кон болницата за да му даде поддршка на Барикело.
Во саботата животот го загуби Австриецот, Роланд Расенбергер. Имаше 33 години. Помина низ се за да стигне до Формула 1 и тоа му успеа во 1994 година, кога потпиша петгодишен договор со Симтек тимот.
На Имола возеше со желба да се докаже, бидејќи претходните две трки немаше значаен резултат.
За време на возењето му се откачи предното крило и заглави под болидот, па не успеа да заврти во кривината Вилнев и се удри во ѕидот.
Роланд Расенбергер го загуби животот во неговата прва сезона во Формула 1, а таа неcpeќа падна во сенка на она што се случи подоцна. Во неделата на 1 мај животот го загуби и шампионот, Ајртон Сена.
Aјртон Сена да Силва е роден на 1960 година во богато семејство во Сао Паоло, Бразил. Како младо момче има големи атлетски способности, а љубовта кон автомобилизмот ја покажал уште на четири години. Го освоил Јужноамериканскиот картинг шампионат на 17 години. Раните осумдесетти години се преселил во Англија каде ја развива неговата професионална кариера. Неговата репутација на вешт и бестрашен возач го доведе до тоа во 1984 година да започне да вози за Формула 1, во тимот Толеман.
Толеман беше мала екипа во Ф1, далеку послаба од останатите “играчи”. Но, по една трка во Монте Карло, во 1984 година, заврна дожд… Сена ги претицуваше сите, еден по еден, за на крајот да биде и лидер на трката. Го доби надимакот “Дождовен човек”. Од тој ден, веќе ништо не беше исто.
По петгодишното ривалство со Ален Прост во “Мекларен Хонда”, преминува во “Вилијамс” во 1994 година. На почетокот на сезоната кемнтираше дека има лошо чувство. Освен тоа, беше вознемирен и поради новите правила во Ф1.