(ВИДЕО) СЕ БОРЕЛ ЗА ИЗРАЕЛ, ПА ОТЦЕПИЛ ДЕЛ ОД ТЕРИТОРИЈАТА: Почина основачот на најмалата држава во светот, која сега има само еден жител

Основачот и доживотниот претседател на најмалата непризната нација во светот, почина пред неколку дена, а неговата земја сега има само еден жител.

Али Авиви стана славен кога прогласи независност од Израел во 1971 година, и со тоа ја основаше државата Акхзивленд, на површина од 3,5 хектари. Оваа република имаше само двајца жители, тој и неговата жена.

Како што изјави неговата сестра, Ави починал на 88 години од воспаление на белите дробови.

Тој е познат меѓи светските патници, а најмногу меѓу хипиците, кои имале можност да ја посетат оваа држава која се наоѓа на брегот на Средоземното море, во близина на границата меѓу Израел и Либан.

На тоа подрачје тој се населил во 1948 година по израелско-арапската војна, каде се борел на страната на Израел во чија морнарица служел. Најпрво живеел во спасувачката колиба, а потоа во неа му се придружила и неговата сопруга Рина.

Тие двајца решиле да ги искинат пасошите на Израел по одлуката на државата да направи национален парк на тоа подрачје.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.