ВИДЕО: “СДСМ ќе го врати фудбалот на заслужениот пиедестал! Ама денеска Победа е веќе второлигаш??”

“Оваа рушевина зад нас е најголемото наследство од децениското владеење на Марјан Ристески. Наместо современ спортски објект, стадионот Гоце Делчев е целосно уништен и оставен да потсетува на неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ”, посочи преку прес конференција Валентин Божиноски од ОО СДСМ Прилеп, во пресрет на локалните избори во 2017 година.

“Токму затоа, веќе наесен граѓаните на Прилеп ќе се изборат за промени на локално ниво. Новата локална власт предводена од СДСМ, заедно со новата реформска Влада на Република Македонија ќе работи исклучиво во интерес на граѓаните и ќе го врати фудбалот на заслужениот пиедестал во Прилеп”, велеше Божиноски тогаш.

Но, состојбата со фудбалот во Прилеп е далеку поразлична денеска, и тоа само година ипол после доаѓањето на СДСМ и градоначалникот Илија Јованоски на чело на општината.

Фудбалската гордост на прилепчани, ФК Победа, на неколку кола пред крајот од прволигашката сезона се наоѓа закована на дното од табелата, а изгледите за опстанок во најелитното фудбалско друштво се речиси невозможна мисија.

ФК Победа пред две години се врати во Првата фудбалска лига, а денеска клубот одново е во крајно лоша ситуација.

Приватните спонзори пред извесно време ги предадоа акциите на општината, а резултатите никако да дојдат.

Дури и изминатиот викенд на гостувањето кај Беласица каде мораше да се добијат 3 бода за какви такви шанси за опстанок, Победа успеа да стигне само до бод.

Целосната прес конференција на Божиноски погледнете ја во продолжение:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.