Куќата која беше инспирација за создавање на xopoр филмот “The Conjuring” и семејството кое живее таму денес, ќе бидат снимани цели седум дена, започнувајќи од 9 мај во сабота.
Снимката во живо ќе биде пренесувана на порталот “The Dark Zone” кој е посветен само на морничави и паранормални активности.
Причината зошто филмот “The Conjuring” останува долго во сеќавањето на луѓето, главно е поради тоа што тој е базиран на вистински настани кои му се случувале на семејството кое живеело во куќата на Роуд Ајленд во 70-тите.
Семејството Перон доживеало многу паранормални активности како исчезнување и мрдање на предмети, сенки од духови низ целата куќа, чудни звуци…
Тие откриле дека 8 генерации од друга фамилија живееле во куќата. Најголем дел од нив умpeле на мистериозен начин.