Денеска се навршуваат 29 години од смртта на еден од најдобрите Формула 1 возачи, Бразилецот Аиртон Сена.
Сена почина на 1 мај 1994 година на 34-годишна возраст кога ја загуби контролата над својот болид при брзина од 310 км/ч и удри во ѕидот на свиокот Тамбурело на патеката „Енцо и Дино Ферари“ во Имола. Ден претходно на истата патека за време на квалификациите на истото место животот го загуби и Австриецот Роланд Раценбергер.
Роден е Аиртон Сена да Силва во Сао Паоло, Бразил на 21 март 1960 година. Поради здравствени проблеми со координацијата на движењето, неговиот татко го убедил да почне да вози картинг уште како дете.
Како тинејџер освоил награди во картинг, а во 1982 година се преселил во Англија за да продолжи со професионална кариера во Ф1. Сена дебитираше во Ф1 во 1984 година.
Вниманието на светската јавност го привлече истата година на трката за ГН на Монако, кога го остави Ники Лауда зад себе на патеката и беше блиску позади Ален Прост, и покрај дождот кој беше толку силен што трката беше прекината.
Токму поради оваа трка го доби и надимакот “дождовен човек”.