(Видео) Само на Балканот може да има вакви политичари: Бизарна забава на екс министер

Поранешниот министер за безбедност на Босна и Херцеговина, а сега и пратеник во парламентот, Драган Мектиќ ја згрози тамошната јавност со објавата на снимката од неговата „пена забава“ на реката Укрина.

Мектиќ организираше забава на прекрасната река, но тој донел и посебни „топови“ за правење на вештачка пена и со тоа ја загадил реката. Поради тоа, од Инспекторатот на Република Српска било побарано да се истражи случајот, а од „Вода Српска“ наложиле земање на примероци на водата за анализа.

Од ресорното министерство реагираа и соопштија дека е несфатливо и недозволиво за забава да се испуштаат хемикалии во река и најавија дека ќе инсистираат да се утврдат сите околности и да се kaзнат сторителите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.