(Видео) Руските пранкери си најдоа нов “Заев”: Го убедија гувернерот на Алјаска дека тој полуостров ќе го присвои Русија, а дека целата кампања ја води познатиот рапер

Руските пранкери Вован и Лексус успеаа да го убедат гувернерот на Алјаска, Мајк Данливиј, дека Русија има намера да го анектира тој полуостров.

Пранкерите Владимир Кузњецов и Алексеј Столјаров, на американскиот политичар му се претставија како поранешниот украински премиер Владимир Гројсман, слична тактика како и со Зоран Заев. Исто така, му се јавуваа и како украинскиот амбасадор во САД, Валериј Чалиј.

За време на разговорот успеаа да го убедат гувернерот дека Москва и Вашингтон “спроведуваат кампања” во која се вклучил и популарниот рапер “50 Цент”. Тој, наводно, пее песни во кои бара Алјаска да се припои на Русија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.