(Видео) Рускиот шампион и бразилскиот ѕвер си ги одмерија силите во шамарење

Рускиот шампионат во шамарење е ставен на пауза поради кризата со коронавирусот, но светската јавност беше сведок на натпревар помеѓу рускиот шампион и бразилскиот ММА борач Зулузињо кој се одржа во затвор за парична награда.

Дуелот помеѓу двајцата се одржал минатиот месец, но премиерно бил емитуван во четвртокот.

Во затворот на непозната локација, Русинот имал шанса да удира прв, но не успеал ниту да го помрдне бразилскиот ѕвер.

Двајцата размениле по 5 удари, а на крајот одлучено било натпреварот да заврши со нерешен резултат, а паричната награда била поделена.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.