Кристијано Роналдо одлучи да даде вистинско богатство за да го купи најскапиот автомобил на светот. Како што пренесуваа странските портали, славниот фудбалер ќе стане сопственик на најновиот модел на Бугати „Ла вотур нуар“, што чини неверојатни 11 милиони евра.
Автомобилот е претставен на неодамнешниот саем на автомобили во Женева, како посебна причина за гордост на компанијата што прослави 110 години постоење.