Мајкл Ротондо (30) никако не можел да сфати дека е време да се исели од куќата на своите родители, иако му нуделе и пари и помош во потрагата на новиот дом, па целата ситуација на крај завршила во суд.
Случајот на семејството Ротондо стигнал и до Врховниот суд на САД. Судијата Доналд Гринвуд застанал на страната на родителите и му соопштил на Мајкл дека мора да го напушти домот.
Марк и Кристина на нивниот син му праќале писма од 14 февруари оваа година, давајќи му 14 дена да се исели од дома.
Тие во писмото навеле дека ќу му дадат 1.100 долари парична помош да пронајде нов дом, му дале родителски совети (“Постои работа и за луѓе без работно искуство, како тебе. Не си единствен”)и му предложиле да продаде нешто од неговите бескорисни предмети како би собрал пари за новиот почеток.