Денешно обраќање на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, на седницата на Комисијата за здравство.
“Вистината боли! Пратениците од власта избегаа од фактите.
Зборуваат за грижа за јавното здравје а не сакаа да ги видат доказите како во Штип се поткупуваа гласачи, како се делело храна без почитување на протоколи, без маски, дистанца и никаква заштита.
Како градоначалникот и пратеници се гоштеваат во кафеана после 21ч, а предлагаат затворање на угостителските објекти за празниците до 18ч. Лицемерие од лицемерни политичари на дело”, порача Ристески.