Тајланѓанецот Чалерм Нукаев (34), како и секое утро, заминал да провери колку краби завршиле во неговата мрежа.
Меѓутоа, кога ја извлече мрежата, виде дека нешто не е како што треба и во неа здогледа огромен питон.
Змијата беше долга 4 метри. Набрзо дојдоа и обучени лица кои ја земаа змијата и ја пуштија назад во дивината.
“Со години ловам овде и никогаш не сум фатил змија. Бев изненаден, но мило ми е што нема последици”, рече рибарот.