Бермудскиот триаголник или познат како Ѓаволски триаголник, е регион во Северно Атланкиот океан во кој исчезнале голем број на авиони и бродови. Во близина на таканаречениот триаголник е една од најпрометните бродски рути во светот.
Исчезнувањата биле припишувани на пирати, паранормални појави или на џиновски октоподи- легенда која морнарите ја пренесуваат стотици години.
Меѓутоа, можеби тоа не е толку погрешно. Во 2005 година морските биолози Цунеми Кубодера и Киочи Мори снимиле џиновска лигна во овие води, која агресивно ги напаѓа мамците.
“Во октомври 2005 година јапонските научници откриле страшно откритие на брегот на Токио, во близина на островот Бонин. Џиновска лигна долга 9 метри. Истражувачите од Јапонскиот национален музеј за наука ја идентификувале и заклучиле дека се работи за “Arhoteutis”- редок вид кој ги напаѓа мамците со екстремна сила”.